сабота, 12 јули 2025

Белата куќа: Трамп ќе ја донесе одлуката за напад на Иран во рок од две недели

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за тоа дали да го нападне Иран во рок од две недели, пренесува британски Гардијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Белата куќа додаде и дека „преписката со Иран продолжува“.

Доналд Трамп претходно го негираше извештајот на Волстрит џурнал дека ги одобрил плановите на Соединетите Американски Држави за напад на Иран, кажувајќи дека медиумот „нема поим“ што мисли тој за конфликтот меѓу Израел и Иран.

Волстрит џурнал доцна во средата објави дека Трамп им кажал на своите најблиски соработници еден ден претходно дека ги одобрил плановите за нападот, но се воздржува од објавување на конечната наредба за да види дали Техеран ќе се откаже од својата нуклеарна програма. Извештајот се повикува на тројца анонимни функционери, објавува Гардијан.

Трамп денес одговори на извештајот со пост на социјалната мрежа Икс.

„Волстрит џурнал нема поим што мислам за Иран“, напиша американскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ