среда, 18 февруари 2026

Белата куќа: Топло му препорачуваме на Иран да се договори со Трамп

Соединетите Американски Држави го предупредија Иран дека би било „многу препорачливо“ да постигне договор, наведувајќи дека има „многу причини“ да го нападнат, еден ден по разговорите кои двете земји објавија дека имаат намера да ги продолжат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, го издаде најновото предупредување откако Иран изјави дека „развива рамка“ за напредок во разговорите со САД. Претседателот Доналд Трамп го предупреди и Лондон да не се „откажува“ од воената база во Индиски Океан, тврдејќи дека таа би била клучна во случај на напад врз Иран ако Техеран „одлучи да не постигне договор“.

Двете сопернички земји ја завршија втората рунда индиректни преговори во вторникот во близина на Женева со посредство на Оман, во контекст на засилено распоредување на американската војска во Персискиот Залив. По состанокот Техеран и Вашингтон посочија дека ќе продолжат со разговорите, но нагласија дека сè уште се далеку од премостување на јазот меѓу нивните позиции.

„Постојат многу причини и аргументи во корист на напад врз Иран“, кажа Левит, додавајќи дека „топло би му препорачала на Иран да постигне договор со претседателот Трамп“.

САД ќе го спречат Иран да добие нуклеарно оружје „на еден или друг начин“, предупреди претходно американскиот министер за енергетика Крис Рајт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ