Трамп отворено ја поддржа популарната апликација за кратки видеа Тикток, на која ѝ го припиша освојувањето на поддршката на младите гласачи за време на неговата победа над демократската кандидатка Камала Харис на претседателските избори во ноември 2024 година.
Претходните разузнавачки проценки предупредуваа дека сопствениците на апликацијата за кратки видеа се под влијание на кинеската влада и дека апликацијата може да се користи за влијание врз Американците.
@whitehouse‘I was the hunted, and now I’m the hunter.’
„Администрацијата на Трамп е посветена на тоа да ги пренесе историските достигнувања на претседателот Трамп до што е можно поширок круг на публика и на што е можно повеќе платформи“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, по лансирањето на страницата.
@whitehouseWe’re so back
„Пораката на претседателот Трамп доминираше на Тикток во текот на неговата претседателска кампања и возбудени сме што ќе градиме врз тие успеси и ќе комуницираме на начин што ниедна друга администрација не го направила претходно“, рече таа.
@whitehouseAmerica we are BACK! What’s up TikTok?♬ original sound – The White House
Профилот на Белата куќа е отворен во вторник вечер, со цел да ги комуницира политиките на претседателот, изјави функционер на Белата куќа.






