На фотографијата се гледа снежен пејзаж со планини во позадина и широка бела рамнина во преден план. Пингвинот носи американско знаме, додека знамето на Гренланд може да се види на рид во далечината.
Embrace the penguin. pic.twitter.com/kKlzwd3Rx7
— The White House (@WhiteHouse) January 23, 2026
Инаку, пингвините се природно распространети исклучиво на јужната хемисфера, првенствено на Антарктикот и во јужните делови на Јужна Америка, Африка, Австралија и Нов Зеланд. Нив ги нема во дивината на северната хемисфера, ниту пак се наоѓаат на Гренланд.
Оваа слика е јасна алузија на претензиите на Трамп кон Гренланд. Во последните недели, Трамп постојано повторуваше дека мора да го добие Гренланд, истакнувајќи дека овој арктички остров е клучен за американската безбедност. Тој кажа дека Соединетите Американски Држави „ќе го добијат на еден или друг начин“.
Сепак, во средата, за време на говорот на Светскиот економски форум во Давос, тој ја отфрли можноста за употреба на сила. Потоа се откажа од заканата за воведување казнени тарифи против осум европски земји, што првично го најави за да изврши притисок за американска контрола врз Гренланд.
Во објава на својата социјална мрежа Трут соушал, Трамп изјави дека се согласил на „рамка за иден договор“ со шефот на НАТО Марк Руте во Давос. Сепак, во моментов е целосно нејасно што би вклучувал договорот и до каде се стигнати преговорите.






