Засега нема коментари од Украина во врска со изјавата на Путин. Рускиот претседател предложи Украина да биде ставена под некаква форма на привремена администрација за да се овозможи одржување на нови избори во земјата и потпишување на клучни договори со цел да се постигне решение, пренесоа руските новински агенции.
Во изјава за медиумите за време на неговата посета на северното пристаниште Мурманск, Путин исто така рече дека Русија постепено, но самоуверено се движи кон постигнување на своите цели во повеќе од тригодишниот конфликт во Украина.
Изјавите на Путин за привремената управа се чини дека се негов одговор и на неговите долгогодишни жалби дека украинските власти не се легитимен партнер во преговорите бидејќи претседателот Володимир Зеленски останува на власт по истекот на неговиот мандат во мај 2024 година.
„Во принцип, се разбира, може да се воведе привремена управа во Украина под покровителство на ОН, САД, европските земји и нашите партнери. Тоа би било со цел да се одржат демократски избори и да се донесе на власт способна влада која ја ужива довербата на народот, потоа ќе почнат разговори за мировен договор со нив“, изјави Путин во разговор со морнари во пристаништето.