понеделник, 13 април 2026

Белата куќа до Украина: Дали Зеленски ќе носи костум на состанокот со Трамп?

Белата куќа ги праша украинските претставници дали претседателот Володимир Зеленски ќе носи костум на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба во понеделник, дознава Аксиос од два извори директно запознаени со прашањето.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Темата околу облеката стана чувствително прашање по претходната средба на двајцата лидери во март, која се претвори во дипломатско фијаско. Трамп не беше задоволен дека Зеленски тогаш се појави во војничка облека. Кога се сретна со него во Западното крило, тој даде иронична забелешка: „Навистина се среди денес“. Некои американски претставници во тоа време оценија дека проблемот со облеката делумно придонел за лошиот исход од состанокот.

Според изворите, Зеленски ќе пристигне во Белата куќа во понеделник облечен во истата црна јакна што ја носеше на самитот на НАТО во Холандија во јуни. „Ќе биде во стил на костум, но не и целосен костум“, рече еден од изворите. Самитот беше првпат по руската инвазија во 2022 година Зеленски да облече јакна во деловен стил, а американските претставници рекоа дека Трамп бил задоволен.

„Зеленски дојде како нормален човек, а не како лудак, и беше облечен како некој што припаѓа на самитот на НАТО. Така имаа добар разговор“, изјави американски претставник за Аксиос во тоа време.

Советник на Трамп рече, делумно на шега, дека „би било добар знак за мир“ ако Зеленски се појави во костум во понеделник, но додаде: „Не очекуваме да го стори тоа“. Друг рече: „Би било одлично да носи вратоврска, но не го очекуваме ни тоа“. Изворот додаде дека потпретседателот Џеј Ди Венс бил уште повеќе иритиран од изгледот и ставот на Зеленски минатиот пат отколку самиот Трамп. „Вратоврската беше проблем за Џеј Ди првиот пат“. Според информациите, Зеленски нема да носи вратоврска во понеделник.

Трамп цврсто верува дека светските лидери треба „да изгледаат долично“, што за него значи костум. Сепак, неговите советници нагласуваат дека незадоволството минатиот пат било поврзано со пошироки прашања, а не само со облеката. Тие веруваат дека Зеленски во меѓувреме станал повешт во комуникацијата со Трамп. „Треба да му се оддаде признание. Не е толку лош како што беше порано“, рече еден од советниците.

На последната средба меѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа, американскиот претседател, штом го виде Зеленски во неговиот вообичаен воен стил, пред камерите рече: „Навистина се среди денес“, мислејќи иронично. Ситуацијата дополнително ја влоши новинарот на Трамп, кој го провоцираше Зеленски, на што Трамп реагираше пидбивно и го стави во незгодна позиција. Токму тој момент го означи почетокот на дипломатското фијаско што го одбележа целиот состанок.

На прашањето дали самитот ќе изгледа како минатиот пат, истиот советник одговори: „Не, апсолутно не“. Тој додаде дека двајцата поминале долг пат во меѓувреме и дека Зеленски нема да го повтори пристапот на прикажување фотографии од мртви деца, што претходно предизвика револт кај Трамп. „Претседателот научи едноставно да го остави настрана она што го иритира и да продолжи понатаму.“

Овој пат, европските лидери ќе бидат во Вашингтон заедно со Зеленски, рекоа советниците, давајќи му на состанокот сосема поинаков тон од претходниот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ