недела, 13 април 2025

Белата куќа до мигрантите: „На на на на, хеј хеј, гудбај“ (ВИДЕО)

Белата куќа беше критикувана откако објави видео во кое ја слави депортацијата на илегални мигранти со стиховите на поп-хитот „Closing Time“, „Na Na Hey Hey Kiss Him Goodbye“ (На на, хеј хеј, бакни го за збогум) во заднината.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Белата куќа повторно се најде под силен оган откако сподели видео во кое се слави депортацијата на мигрантите, втор таков пост во последниве недели што предизвика широка осуда низ социјалните мрежи. Најновото видео, објавено на официјалните профили на Белата куќа на Икс, Фејсбук, Јутјуб…, прикажува приведени мигранти што се процесираат за депортација, со веселите поп-стихови „Na Na Hey Hey Kiss Him Goodbye“, во заднината.

Видеото беше објавено вчера и многу брзо предизвика бран негодувања на социјалните мрежи. Многу корисници го нарекоа дехуманизирање.

Ова не е прв пат администрацијата на Трамп да ги меша депортациите со поп-музиката. Белата куќа пред неколку недели сподели уште едно видео, тогаш со песната Closing Time на групата Семисоник. Стиховите на песната се цитираат заедно со видеото, што е очигледна референца за „затворање“ и „заминување“.

Но членовите на Семисоник воопшто не биле задоволни од ваквата интерпретација на нивната музика.

Бендот објави официјално соопштение во кое ја осудува употребата на нивната песна без дозвола.

„Ние не одобривме ниту поддржавме користење на нашата песна Closing Time на кој било начин“, порача Семисоник. „Не, не нѐ ни прашаа. Песната е за радост, за шанси и за надеж и тие целосно ја промашиле поентата“, додаваат тие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ