петок, 3 април 2026

Белата куќа бара 152 милиони долари за повторно отворање на Алкатраз

Белата куќа денес побара 152 милиони долари за повторно активирање на поранешниот затворски остров Алкатраз, продолжувајќи ја минатогодишната иницијатива на претседателот Доналд Трамп за пренамена на таа популарна туристичка дестинација во заливот Сан Франциско, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Барањето е вклучено во предлогот за буџет објавен од Белата куќа за финансирање на владата во фискалната 2027 година, а таквите барања за трошење пратениците обично ги третираат како предлози. Со бараните средства за Федералното биро за затвори би се покриле трошоците за првата година од обновата на Алкатраз во „високо опремен и безбеден казнено-поправен објект“. Затворот беше затворен во 1969 година и оттогаш е под администрација на Националната служба за паркови.

Во мај минатата година американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалните медиуми дека им наредува на Бирото за затвори, Министерството за правда и други агенции „повторно да го отворат значително проширениот и модернизиран Алкатраз, во кој би биле сместени најсуровите и најнасилните криминалци во Америка“.

Алкатраз, отворен во 1934 година, се сметал за најбезбедниот затвор во Америка поради неговата островска локација, ледените води и силните океански струи. Озлогласени криминалци како Ал Капоне и Џејмс „Вајти“ Булгер престојувале таму. Никогаш официјално не е регистрирано успешно бегство, иако пет затвореници се наведени како „исчезнати, за кои се претпоставува дека се удавени“. Според Федералното биро за затвори, бил затворен бидејќи неговото работење било премногу скапо – речиси три пати поскапо од кој било друг федерален затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ