Тоа драстично намалување „тешко може да се објасни со политичките промени во ЕУ“, која е под силен притисок да ја заостри својата миграциска политика, според извештај во кој имала увид агенцијата Франс прес.
Напротив, тој пад наводно е директна последица на уривањето на сирискиот претседател Башар ал Асад во декември 2024 година, бидејќи Сиријците се водечка националност меѓу барателите на азил во последните десет години.
За само неколку месеци, нивниот број се намалил за две третини. Венецуелците сега се на прво место.
Франција добила најмногу барања во тој период, околу 77.000, веднаш пред Шпанија и Германија. Тие барања пристигнале од Украина, Авганистан и Демократска Република Конго.
Околу 4,3 милиони Украинци кои бегаат од конфликтот имаат корист и од привремена заштита во ЕУ. Тоа е статус кој се разлиикува од азилот.






