Според полицијата, од мај 2021 година до мај оваа година, осомничениот незаконски задржал готовина која му ја довериле 20 клиенти за уплата на нивните штедни сметки во банката каде што работел.
Парите кои ги преземал не ги внесувал во системот на банката, туку на клиентите им издавал фиктивни налози за уплати или лажни договори за орочување девизи за да ја прикрие проневерата. На овој начин тој за себе присвоил точно 723.228 евра и 12.694 американски долари.
Полицијата осомничениот, со кривична пријава за проневера при вршење економска дејност, го предала на надлежното обвинителство за понатамошна постапка.






