недела, 7 декември 2025

Бајден: Трамп не ја руши само Белата куќа туку и американската демократија

Поранешниот американски претседател Џо Бајден денес го критикуваше својот наследник Доналд Трамп, оценувајќи дека тој не само што го урива Источното крило на Белата куќа, туку и американската демократија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Знаев дека Трамп ќе тргне со кугла за уривање кон државата, но признавам, не очекував дека тоа ќе биде буквално кугла за уривање“, ги пренесе Си-ен-ен зборовите на Бајден за време на митинг на Демократската партија во Небраска во петокот во Омаха.

Поранешниот 82-годишен демократски претседател мисли на реновирањето кое Трамп го почна на Источното крило на Белата куќа, каде што гради сала за балови, поради што тој дел беше срушен.

„Тоа е совршен симбол на неговото претседателство“, кажа Бајден.

„Трамп ја донесе куглата за уривање не само во таа народна куќа, туку и во Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија.“

Во говорот во Омаха Бајден директно го критикуваше Трамп, велејќи дека ги посрамил Соединетите Држави и ги ставил интересите на богатите над интересите на обичните Американци.

Како позитивен знак тој ги наведе победите на демократите на гувернерските избори во Њу Џерси и Вирџинија и победата на Зохран Мамдани во Њујорк минатиот вторник. Тој ги опиша тие резултати како „светли точки во еден многу, многу мрачен момент“, додавајќи дека Американците со тие избори испратиле јасна порака до Трамп.

Бајден ретко се појавува во јавноста откако ја напушти функцијата претседател во јануари, а во мај беше откриено дека боледува од рак на простата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ