Нацрт-текстот во кој имал увид Франс прес, а за кој се очекува да се измени за време на дискусиите, им дава зелено светло на земјите-членки да „ги користат сите потребни средства во и околу Ормускиот теснец, вклучувајќи ги и територијалните води на „крајбрежните држави“, за да го обезбедат преминот и да го потиснат, неутрализираат и спречат секој обид за затворање, блокирање или нарушување на меѓународниот превоз“ на овој клучен трговски пат.
Во текстот се бара и Иран „веднаш да ги прекине сите напади врз комерцијални бродови и секој обид за мешање“ во слободата на пловидбата низ теснецот.
Понатаму се споменува можноста за воведување санкции против оние кои ја прекршуваат таквата слобода на пловидбата.
Само мал број товарни бродови и танкери за нафта, претежно ирански, успеваат да поминат низ Ормускиот теснец откако иранските сили го блокираа овој клучен трговски пат.
Бахреин, во име на земјите од Персискиот Залив, веќе иницираше резолуција усвоена од Советот за безбедност кон средината на март, со која се бара „итно прекинување“ на иранските напади врз земјите од Персискиот Залив и Јордан.






