недела, 14 декември 2025

Бабата на осомничениот за убиството на Кирк: Нема шанси да бил толку добар стрелец

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој беше уапсен под сомнение за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека ФБИ го има погрешниот човек и дека нејзиниот внук е невин. Кирк беше убиен завчера, со еден истрел додека присуствуваше на настан на Универзитетот во Јута, објави Дејли мејл.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

По големата потрага, ФБИ денес потврди дека го привеле Робинсон како главен осомничен. Кратко по објавувањето, во интервју за Дејли меил, неговата баба Деби го опиша својот внук како тивок и вреден млад човек, кој, „и покрај тоа што потекнува од републиканско семејство“, никогаш не зборувал за политика.

Неговиот татко, нејзин син, е страстен поддржувач на Доналд Трамп. „Тајлер е најсрамежливата личност“, рече таа. „Тој никогаш, ама баш никогаш не зборуваше со мене за политика. Поголем дел од моето семејство се републиканци. Јас не познавам ниту еден демократ. Едноставно сум збунета“, додала таа.

Полицијата потврди дека Робинсон е уапсен откако бил предаден од член на семејството, но Деби вели дека не слушнала ништо од својот син откако дознала за наводната вмешаност на нејзиниот внук во атентатот. Таа повтори дека „нема шанси“ Робинсон да бил вмешан, додавајќи дека верува дека тој никогаш не ракувал со пушка како таа што била употребена во атентатот.

„Не мислам дека некогаш пукал со пиштол, да бидам искрена со вас“, рече таа. „Тој не лови, никогаш не сакал нешто такво. Знам дека не поседува оружје. Едноставно нема шанси да бил толку добар стрелец“, рекла таа.

„Тој е прекрасно дете. Нема шанси да направил нешто такво. Би се прекрстила и би се заколнала дека апсолутно нема шанси. Никогаш, ама баш никогаш не бил во неволја во животот. Тој е само многу срамежлив, добар човек“, рекла бабата.

Нејзините изјави се спротивни на информациите дадени од гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Тој рече дека Робинсон претходно изразувал противење на ставовите на конзервативниот активист во разговорите со своето семејство и дека станал „пополитички настроен“ во периодот пред пукањето.

И покрај верувањето дека ФБИ направило грешка, Деби рече дека многу ѝ е жал за сопругата и децата на Кирк. Робинсон беше уапсен вчера вечерта во неговиот дом во Вашингтон, во јужна Јута. Полицијата сè уште нема откриено можен мотив, а доколку биде осуден, се соочува со смртна казна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ