среда, 21 мај 2025

Азербејџанскиот претседател ја откажа посетата на Москва за Денот на победата

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев нема да присуствува на церемониите во Москва по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија, потврди помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„За жал, бевме информирани дека Алиев нема да дојде. Тие објаснија дека тој ќе учествува на домашни настани поврзани со неговиот татко, поранешниот претседател Хејдар Алиев“, рече Ушаков.

27 странски лидери ќе присуствуваат на утрешната воена парада во Москва. Вчера во Москва пристигнаа кинескиот претседател Си Џинпинг, бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, српскиот претседател Александар Вучиќ… Се очекува на парадата да учествува и лидерот на босанските Срби Милорад Додик. И покрај предупредувањата од Брисел, се очекува во Москва да пристигне и словачкиот премиер Роберт Фицо.

Индискиот премиер Нарендра Моди првично требаше да дојде во Москва, но нема да дојде поради најновата ескалација на ситуацијата со Пакистан.

Бројот на странските лидери што учествуваат на прославите на Денот на победата значително се намали од нелегалната анексија на украинскиот Кримски Полуостров во 2014 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ