понеделник, 15 декември 2025

Автомобил се заби во пешаци во Лос Анџелес, најмалку 28 повредени, неколку критично (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица се повредени во инцидент што се случи рано утрово по локално време во Лос Анџелес, откако возило се заби во толпа луѓе на познатиот булевар Санта Моника. Веста ја потврди Противпожарната служба на Лос Анџелес (ЛАФД).

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните информации објавени од службите за итни случаи, состојбата на петмина од повредените е критична и лекарите се борат за нивните животи. Уште десет лица се здобиле со сериозни повреди.

Несреќата се случила околу 2 часот наутро по локално време во населбата Ист Холивуд. Фотографии од местото на настанот покажуваат вознемирувачки сцени: сив автомобил застанат на тротоар, опкружен со остатоци, додека голем број полицајци го обезбедуваат местото и спроведуваат истрага.

„Се наведува дека во возилото имало лице кое изгубило свест“, објави Ен-би-си њуз.

Според капетанот Адам Ван Герпен, службеник за јавни информации во противпожарната служба на градот Лос Анџелес, редица луѓе – претежно жени – чекале да влезат во ноќен клуб кога биле удрени од Нисан Верса, кој исто така удрил во тако-камион.

Медицинските лица откриле дека еден од пациентите имал прострелна рана, рече Ван Герпен. Тој за Асошиејтед прес изјави дека идентитетот на тоа лице сè уште не е познат.

„Ова е под полициска истрага“, рече тој. „Ова ќе биде голема истрага со полицијата на Лос Анџелес.“

Луѓето во клубот излегоа да им помогнат на жртвите неколку минути пред да пристигнат екипите за итни случаи, рече тој.

„Сите стоеле во ред чекајќи да влезат во ноќниот клуб. Имаше тако-камион таму, па… купувале храна, чекале да влезат“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ