Полицијата по инцидентот ја блокирала улицата во градот, а според непотврдени медицински извештаи, повредени се најмалку 17 лица.
🚨 Alternate angle of the car driving through crowds with zero hesitation at the Liverpool Premier League parade.
Some may find distressing.
— Liam A Diss (@BritFirst) May 26, 2025
„Во моментов се бавиме со извештаите за сообраќајната несреќа во центарот на Ливерпул. Бевме контактирани нешто по 18 часот денес, по извештаите дека автомобил удрил во повеќе пешаци во улицата Вотер“, кажа портпаролот на градската полиција.
Тој кажа дека автомобилот сопрел на местото на инцидентот, и дека еден маж е приведен.
Службите за итна помош се на лице место.
Победничката парада се движела по рута од 16 километри, поради настанот биле затворени повеќе улици, а градскиот совет на Ливерпул ги советувал луѓето да не возат во тие делови.