недела, 6 април 2025

Австриски економист: Само 12 отсто од странските компании ја напуштија Русија

Рускиот пазар со речиси 150 милиони жители е голем мамец за странските компании, кажа за германската новинска агенција ДПА економистот на австрискиот институт ВИИВ Василиј Астровм оценувајќи дека само 12 отсто од нив дефинитивно се повлекле од Русија поради конфликтот во Украина и западните санкции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Од почетокот на војната во Украина на крајот на 2022 година Русија поради западните санкции ја напуштиле само 12 отсто од странските компании, главно големи, наведува Астров.

„Средно големите претпријатија главно останаа, но тоа не го рекламираа со билборди“, додава експертот.

По почетокот на конфликтот бројни западни компании објавија планови за повлекување од рускиот пазар, но две години од почетокот на војната заминале само 9,5 отсто, а уште 32,2 отсто го ограничиле обемот на делувањето, наведува Астров.

„Егзодусот на странскиот капитал забележително успори со време, во голема мера поради поизразените регулаторни пречки“, напишал Астров во извештај објавен во мај минатата година.

Денес изгледите за руската економија се нејасни, смета Астров во разговорот со ДПА.

„Глобалната зелена транзиција е лоша вест за Русија“, оценува тој, укажувајќи на големата зависност на Русија од приходите од нафта и гас. Тука, според него, е и масовното заминување на квалификувана работна сила, особено во информатичкиот сектор.

Москва ја заснова индустриската политика на поттикнување одредени сектори, но со децении, според Астров, не успева да постигне значајни резултати.

Поважен поттик за економијата е побарувачката, која би можела да порасне бидејќи реалните плати лани пораснале за девет отсто.

Русија е на четвртото место на водечките светски економии и би можела, за разлика од многу други земји, да расте исклучиво врз основа на домашниот пазар, објаснува австрискиот експерт.

На прашањето дали големите западни компании ќе се вратат во Русија по завршувањето на војната, Астров оценува дека тие секако ќе сакаат, особено големите европски автомобилски компании.

Но, истакнува тој, ситуацијата во меѓувреме е драстично сменета.

„Во моментов повеќе од половина нови автомобили во Русија стигнуваат од Кина“, истакнува тој.

Москва, пак, повеќе пати истакна дека ќе постави строги услови за нивно евентуално враќање, порачувајќи дека бројни пазарни места се веќе пополнети.

На крајот на февруари руското министерство за индустрија и развој порача дека во моментов приоритет е заштита на домашните производи и производство на висококвалитетни производи на руско тло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ