недела, 29 март 2026

Австрија соопшти дека открила руски проект за дезинформации за Украина

Австриските власти соопштија денес дека откриле „руски проект чија цел е ширење дезинформации за Украина“, откако во таа земја во декември беше приведена бугарска државјанка поради сомнеж дека шпионирала во корист на Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Австриската разузнавачка служба наводно нашла докази за операцијата додека ги анализирала уреди најдени во претресот на куќата на осомничената, се наведува во соопштение на министерството за внатрешни работи.

Се наведува дека истрагата покажала дека неколку недели по почетокот на конфликтот на Русија и Украина во 2022 година, формирана е група луѓе која работи за руските разузнавачки служби и дека планирала голема кампања за дезинформирање во земјите од германското говорно подрачје.

Се смета дека осомничената Бугарка, чие име не е објавено, играла значајна улога во акциите на групата и дејствувала како разузнавачки контакт, соопшти австриското министерство, додавајќи дека таа ја признала вината.

Најголемиот шпионски скандал во Австрија во последните неколку децении изби пред една година со апсењето на поранешен разузнавач, кој, меѓу другото, е обвинет дека на руската разузнавачка служба ѝ давал податоци за мобилните телефони на поранешни високи австриски функционери и помагал во планирањето на провалување во стан на познат новинар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ