Минатиот месец, австралискиот регулатор ја повика владата да го повлече изземањето за Јутјуб откако истражување покажа дека 37 проценти од децата на возраст од 10 до 15 години гледале штетна содржина на платформата, најмногу во однос на сите социјални мрежи.
Други медиумски компании како што се Фејсбук, Инстаграм, Снепчет и Тикток се пожалија дека изземањето на Јутјуб е неправедно.
„Социјалните мрежи имаат општествена одговорност и нема сомнение дека онлајн платформите имаат негативно влијание врз австралиските деца“, рече премиерот Ентони Албанис во соопштение.
„Социјалните мрежи им нанесуваат штета на нашите деца и сакам австралиските родители да знаат дека ние сме тука да им помогнеме“, додаде тој.
Сопствениците на социјалните мрежи ќе се соочат со казни од 32,2 милиони долари од декември ако го прекршат законот донесен од парламентот во ноември минатата година.
Портпаролот на Јутјуб рече дека компанијата ќе ги разгледа следните чекори и ќе разговара со владата.
„Ја споделуваме целта на владата дека треба да се намали штетата што се предизвикува од користењето на интернет. Нашиот став е ист: Јутјуб е платформа за споделување видео содржина со слободна, висококвалитетна содржина. Јутјуб не е социјална мрежа“, напиша портпаролот во е-пошта.






