четврток, 29 мај 2025

Авионот на Вучиќ во Баку чека одобрување за продолжување на летот кон Москва, поради борбени дејства

Авионот со кој претседателот на Србија Александар Вучиќ тргна кон Москва за да присуствува на одбележувањето на Денот на победата, е во Баку и во моментов не може да го продолжи летот кон Москва, бидејќи нема дозвола за продолжување на летот поради борбени дејства меѓу Русија и Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сите земји претходно дале дозвола за летот, но сега не можат да дадат дозвола поради борбените дејства, пренесува Танјуг. Се чека одобрување за продолжувањето на летот.

Во овој момент се затворени и московските аеродроми.

Во претходните денови аеродромите во неколку руски града беа затворани поради украински напади со дронови.

Вучиќ полета со авион за Москва, каде, како што најави помошникот на претседателот на Русија Јуриј Ушаков, на 9 мај треба да одржи билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ