четврток, 22 јануари 2026

Атина погодена од повеќемесечен дожд во еден ден (ФОТО+ВИДЕО)

Големото невреме кое ја погоди Атина оваа недела донело количество дожд кое обично паѓа за речиси шест месеци за помалку од еден ден, а две лица загинале. Водечкиот грчки метеоролошки експерт денес потврди дека станува збор за екстремен временски феномен, пренесува Франс24.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Костас Лагувардос, директор за истражување во Националната опсерваторија во Атина, кажа дека во главниот град на Грција паднале до 170 милиметри дожд. Ова изнесува „околу 40 проценти од годишните дождови кои паѓаат во Атина“, објасни Лагувардос на маргините од презентацијата на годишните метеоролошки податоци за Грција.

Невремето кое ја зафати земјата во средата одзеде два живота, а спасувачките екипи денес го поминаа денот расчистувајќи ги урнатините. Синоќа, 56-годишна жена починала откако била однесена од порој и заробена под автомобил во атинското предградие Ано Глифада.

Неколку часа претходно, во пристанишниот град Астрос на Пелопонез, 53-годишен припадник на крајбрежната стража бил удрен од бран додека помагал на локалното население да ги врзат бродовите и бил смртно повреден. Бурата се движела кон исток низ Грција со ветрови со брзина од над 100 километри на час, што ги натера властите во Атина и на запад и југ од земјата да ги затворат училиштата.

Противпожарната служба соопшти дека одговорила на повеќе од 900 итни повици поврзани со поплави низ целиот главен град. Премиерот Киријакос Мицотакис го откажа планираното патување на Светскиот економски форум во Давос.

Смртоносните поплави за време на интензивните дождови во последните години ги принудија властите да го подобрат системот за одбрана од поплави. Во септември 2023 година, земјоделскиот регион Тесалија беше погоден од катастрофална бура во загинаа 17 лица и беа убиени стотици илјади домашни животни.

Во ноември 2017 година, обилните дождови во Мандра, полурурална област во близина на Атина, одзедоа 25 животи. Експертите постојано повикуваат на надградба на инфраструктурата, особено во пошироката област на Атина, која е опкружена со планини и пресечена со стотици водни текови, од кои повеќето се покриени поради неконтролираната урбанизација во последните децении.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ