четврток, 5 февруари 2026

Атентаторот на Трамп на Флорида осуден на доживотен затвор

Рут е осуден за атентат врз истакнат претседателски кандидат, употреба на огнено оружје со цел извршување кривично дело, напад врз федерален службеник што го спречил да пука, поседување огнено оружје како претходно осудуван криминалец и употреба на пиштол со оштетен сериски број.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На доживотен затвор во средата е осуден човекот што се подготвувал да го убие Доналд Трамп на голф-терен на Флорида во 2024 година, во периодот кога Трамп беше претседателски кандидат.

Окружната судијка на САД, Ајлин Кенон, му ја изрече казната на Рајан Рут (59) во истата судница во Форт Пирс каде што во септември настана хаос кога тој се обиде да се избоде откако поротниците го прогласија за виновен по сите точки од обвинението.

Рут е осуден за атентат врз истакнат претседателски кандидат, употреба на огнено оружје со цел извршување кривично дело, напад врз федерален службеник што го спречил да пука, поседување огнено оружје како претходно осудуван криминалец и употреба на пиштол со оштетен сериски број.

Судијката му изрече казна доживотен затвор без можност за условен отпуст, со дополнителни седум години затвор за нелегално поседување оружје. Осуден е и за уште три поврзани кривични дела, а казните ќе се издржуваат истовремено.

Адвокатот на одбраната, Мартин Л. Рот, тврдеше дека неговиот клиент „во моментот на вистината одлучил да не го повлече чкрапалото“ и да не го убие Трамп, иако, скриен во грмушка, бил подготвен за тоа.

Во соопштение објавено на социјалната платформа Икс, државната обвинителка на САД, Пам Бонди, им се заблагодари на обвинителите што постигнале Рут „никогаш повеќе да не излезе на слобода“.

„Гнасниот атентат на Рајан Рут врз претседателот Трамп не беше само напад врз нашиот претседател — тоа беше директен напад врз целиот наш демократски систем“, рече Бонди.

„Рут и понатаму не се кае за своето кривично дело, не се извини за животите што ги загрози, а неговиот живот покажува речиси целосно непочитување на законот“, наведоа обвинителите во поднесокот за изрекување на пресудата.

Неговиот адвокат побара казна од 20 години затвор, со задолжителни седум години за пиштолот.

„На обвинетиот му недостигаат две недели до шеесеттата година“, напиша Рут во поднесокот, молејќи пократка казна што би му овозможила барем во далечна иднина да се надева на слобода.

Обвинителите наведоа дека Рут со недели планирал да го убие Трамп пред да ја впери пушката низ грмушката додека републиканскиот претседателски кандидат играше голф на 15 септември 2024 година во неговиот кантри-клуб во Вест Палм бич.

На судењето, агент на Тајната служба, кој учествувал во обезбедувањето на Трамп на голф-теренот, сведочеше дека го забележал Рут пред да се појави Трамп. Рут ја вперил пушката кон агентот, кој отворил оган, по што Рут го испуштил оружјето и побегнал без да испука куршум.

Рут има повеќе претходни кривични пресуди, вклучително и за поседување украдена стока, како и низа објави на интернет во кои изразува презир кон Трамп, иако еднаш гласал за него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ