Капсулата Кру драгон, управувана од Спејсекс, се одвои од МВС во 7:15 часот по локално време, додека станицата орбитираше 418 километри над источниот брег на Индија. Со ова беше завршена најновата посета на МВС организирана од компанијата Аксиом спејс со седиште во Тексас, во соработка со калифорниската компанија на Илон Маск, Спејсекс.
Во преносот во живо беа прикажани членовите на екипажот во препознатливите црно-бели вселенски одела, врзани во капсулата непосредно пред одвојувањето од станицата. Потоа капсулата безбедно го напушти просторот на МВС со помош на неколку кратки палења на ракетните мотори.
Live: Join us as the @Space_Station bids farewell to the @Axiom_Space #Ax4 crew. The crew is scheduled to enter the @SpaceX Dragon spacecraft at 4:55 a.m. EDT (0855 UTC), followed by hatch closure. https://t.co/ITbWeJBPGL
— NASA (@NASA) July 14, 2025
Мисијата Аксиом-4 ја сочинуваат Пеги Витсон (65), Шубаншу Шукла (39) од Индија, Славош Узнански-Вишњевски (41) од Полска и Тибор Капу (33) од Унгарија. За време на нивниот престој на МВС, тие поминаа 18 дена спроведувајќи бројни научни експерименти во услови на микрогравитација.
Live: @Axiom_Space‘s #Ax4 crew is ready to return to Earth! Watch as they undock and head home. https://t.co/sJdZcQjk2f
— NASA (@NASA) July 14, 2025
За Индија, Полска и Унгарија, ова беше првата мисија со екипаж по повеќе од 40 години, а воедно и прв пат астронаути од нивните национални вселенски агенции да бидат испратени на Меѓународната вселенска станица.
Доколку сè оди според планот, капсулата Грејс, како што ја нарекоа астронаутите, треба да влезе во атмосферата на Земјата по 22-часовно патување и да слета со падобран во Тихиот Океан, крај брегот на Калифорнија во вторник.
Лансирањето на мисијата Акс-4 беше на 25 јуни од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида. Ова е првиот лет на новата капсула Грејс, петти во флотата на вселенски летала Кру драгон, а воедно и 18 мисија со екипаж што Спејсекс ја спроведе од 2020 година.
Витсон, поранешна шефица на астронаути на НАСА и прва жена што командуваше со МВС, помина рекордни 675 дена во вселената во текот на својата кариера. По пензионирањето во 2018 година, таа се приклучи на Аксиом како директор за човечки вселенски летови, а со мисијата Акс-4 дополнително ќе го продолжи својот американски рекорд за уште три недели.
Компанијата Аксиом е ко-основана пред девет години од поранешен менаџер на програмата на МВС на НАСА и е една од неколкуте приватни компании што развиваат комерцијална вселенска станица што ќе ја замени МВС, за која се очекува да биде повлечена околу 2030 година.