„Србија се соочува со стратегиски, геостратегиски избор за тоа каде сака да биде“, кажа Калас и додаде дека „европската иднина на Србија зависи од вредностите што ќе ги избере“.
АП во текстот „Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика ја повикува Србија да направи „стратегиски избор“ помеѓу Западот и Истокот“, пишува дека „појавувањето на Вучиќ во Москва на парадата на 9 мај беше дочекано со широка осуда во Брисел, а претставниците на ЕУ предупредија дека ваквите постапки сериозно го загрозуваат патот на Србија кон ЕУ… со оглед на крвавата инвазија на Русија во Украина“.
Калас кажа дека за време на посетата разговарала со Вучиќ и „ги изнела своите ставови, кои се многу јасни“.
„Навистина не разбирам зошто е потребно да се стои рамо до рамо со лицето кое води ужасна војна во Украина“, кажа таа, додавајќи дека „претседателот Вучиќ ја објаснуваше својата страна од приказната. Значи. Да, имавме многу опширна дискусија за тоа“.
My message to the authorities in Belgrade is clear.
I want to see Serbia advancing towards the EU. For that, political leaders must deliver the necessary reforms and clarify the strategic direction.
This is best done by restoring trust and staying true to democratic principles. pic.twitter.com/I9Jv9BV33P
— Kaja Kallas (@kajakallas) May 22, 2025
Вучиќ, за кого АП пишува дека е „поранешен екстремен националист кој е критикуван дома и во странство поради наводен сè поавторитарен начин на владеење, одржува блиски односи и со Русија и со Кина, додека формално вели дека сака Србија да се приклучи на ЕУ“.
Вучиќ кажа дека неговата одлука да присуствува на воената парада на Путин „била дел од напорите за одржување на „традиционалните пријателства“, пренесува американската агенција.
„Србија, која речиси целосно зависи од Русија за енергија, одби целосно да се приклучи на западните санкции против Русија поради инвазијата во Украина и не ги поддржа повеќето изјави на ЕУ со кои се осудува таа агресија“, наведува АП и додава дека Вучиќ „е под притисок и од шестмесечни големи протести против корупцијата“.
Иако Калас кажа дека од разговорот со политичкото раководство на Србија „ѝ е јасно дека членството во ЕУ останува стратегиска цел“, таа истакна: „Сепак, сакам да нагласам дека мора да видиме и дела за да ги докажеме и поддржиме тие зборови“.
„Реформите се начинот на кој Србија ќе напредува на патот кон ЕУ“, рече Калас и истакна дека „нема кратенки до членство“, но „вистински напредок мора да се постигне тука, во Белград“.
Таа кажа дека се сретнала и со „младината“ што протестира, пишува АП, и ја повика Србија да вложи сериозни напори во слободата на медиумите, борбата против корупцијата и изборните реформи, „кои стотици илјади демонстранти ги бараат во последните недели“.
„Автономијата на универзитетите мора да се почитува“, порача таа.
АП пишува дека Калас од Белград замина на Косово и дека „преговорите меѓу двете соседни земји со посредство на ЕУ одамна се замрзнати“, како и дека високата претставничка кажа дека нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово е „фундаментална“ за нивната европска иднина.
„Време е двете земји да го надминат минатото и да се фокусираат на заедничката иднина“, рече таа и изјави дека планира што поскоро да ги покани претставниците на Белград и Приштина во Брисел за да разговараат за конкретни чекори напред.
АП заклучува дека шесте земји од Западен Балкан се во различни фази на пристапување кон ЕУ и дека руската инвазија на Украина ги охрабри европските лидери да се залагаат за приклучување на овие земји кон европскиот блок, плашејќи се од нестабилност на регионот.