среда, 10 декември 2025

Асошиејтед прес: „Илјадници луѓе синоќа во Србија маршираа во упорен отпор кон автократскиот лидер Вучиќ“

Илјадници луѓе маршираа вчера во неколку српски градови, покажувајќи цврст отпор кон владеењето на претседателот Александар Вучиќ, дури и додека властите ги сузбиваат демонстрациите, пишува американската новинска агенција Асошиејтед прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Присутните одбележаа единаесет месеци од уривањето на бетонската стреа на железничката станица во северна Србија, во која загинаа 16 лица и која започна масовно антикорупциско движење против владата.

Демонстрантите веруваат дека несреќата на реновираната железничка станица во Нови Сад е последица на небрежноста и корупцијата во градежните проекти. Реновирањето беше дел од поширок проект за модернизација на железницата во соработка со кинески компании.

Во Белград учесниците на протестот, со запалени светла на своите телефони, одеа во тишина за да им оддадат почит на жртвите, меѓу кои имаше и деца. Огромни маси луѓе се собраа и во Нови Сад, и покрај обилниот дожд.

За разлика од претходните протести, кога полицијата употреби солзавец против толпата, овој пат немаше инциденти.

Студентите на чело на протестот

Универзитетските студенти – главната сила зад овие собири – бараат правда за жртвите од несреќата во Нови Сад, но и свикување предвремени парламентарни избори, за кои се надеваат дека би можеле да ја соборат владата на Вучиќ.

„Постои начин да се променат нештата во оваа земја“, им кажа еден студент на демонстрантите во Белград во краток говор. „Првиот чекор е корумпираните службеници да си заминат и луѓето да разберат дека нашата судбина лежи во нашите раце“.

Најголемиот предизвик за Вучиќ во последните години

Месеците протести претставуваат најсериозен предизвик за Вучиќ во последните години. Претседателот на Србија е критикуван за задушување на демократските слободи, додека дозволува криминалот и корупцијата да цветаат. Тој ги негира обвинувањата.

Во текот на претходните недели, владата се обиде да го потисне движењето со тоа што интервентната полиција ги разбиваше демонстрациите, ги приведуваше и ги тепаше учесниците во протестите. Десетици луѓе пријавија дека ги изгубиле своите работни места или биле изложени на финансиски и други притисоци поради учеството на собирите.

„Србија полека се претвора во диктатура“

Милица Стевовиќ од Белград изјави дека Србија „полека се претвора во диктатура“.

„Поднесени се кривични пријави против луѓе кои мирно протестираа, а ниту едно лице не одговараше за уривањето на стреата“, кажа таа. „Тоа е катастрофа“.

Србија формално е кандидат за членство во Европската Унија, но процесот е блокиран со години. Во меѓувреме, Вучиќ одржува блиски врски со Русија и Кина, додека во текот на деценијата од неговото владеење дополнително ја зајакна својата контрола врз државата, заклучува АП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ