понеделник, 15 декември 2025

Арктичко време во САД: до минус 30 – дури и на југот

Арктичкото време донесе многу проблеми во поголем дел од САД, особено за луѓето што не се навикнати на таков екстремен студ во местата како Мемфис, Тенеси, каде што жителите мораа да зовриваат потенцијално загадена вода од водоводната мрежа, која низ целиот град пукна од студот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мало покачување на температурите се очекува дури по викендот.

Ова време доаѓа по серијата бури во текот на изминатата недела во која починаа или загинаа 55 лица низ целата земја, многу од нив од хипотермија или сообраќајни несреќи.

Толку многу цевки пукнале во Мемфис што притисокот на водата паднал низ целиот град и се стравува од можна контаминација на водоснабдувањето. Градското комунално претпријатие ги повика сите свои повеќе од 400.000 корисници да зовриваат вода за пиење или за миење заби или да користат флаширана вода додека екипите работат на поправки.

Градскиот совет на Мемфис во саботата отвори седум станици за дистрибуција на флаширана вода низ градот.

Голем дел од САД е под предупредување за студ и ветер, од делови на Монтана сè до централна Флорида. Особено студено е на Средниот запад. Ветерот создал чувство од минус 26 Целзиусови степени во Ајова Сити во саботата, а студот во текот на ноќта бил околу нулата во Оклахома Сити.

Снег има помалку во другите делови на североистокот, вклучувајќи ги Вашингтон и Њујорк, но станува пообилен на југ во Западна Вирџинија, каде што е минус 29 степени со силен леден ветер.

Снежното невреме во близина на езерото Мичиген речиси го затвори фреквентниот транспортен коридор на Чикаго, опасен за камионџиите и другите возачи.

На западниот брег се предвидува леден дожд, а дрвјата и далноводите се веќе обложени со мраз и може да паднат, предупреди Националната метеоролошка служба.

Илјадници луѓе се без струја од минатиот викенд во делови на Орегон поради штетите од невремето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ