недела, 29 март 2026

Аргентинската влада ќе ги објави тајните документи за нацистите кои избегале во Аргентина по Втората светска војна

Аргентинската влада ќе ги декласифицира сите владини документи за нацистичките бегалци кои се населиле во Аргентина по Втората светска војна, потврдил висок функционер. Како што пишува Буенос Аирес тајмс, шефот на кабинетот Гијермо Франкос објави вчера дека претседателот Хавиер Милеи наредил објавување и декласифицирање на архивите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Документите се однесуваат на „нацистите кои побарале засолниште во Аргентина и биле заштитени многу години“, објасни Франкос во ексклузивно интервју за аргентински Д њуз. Наредбата вклучува документи кои детално ги опишуваат банкарските и финансиските трансакции, како и записите кои ги поседува аргентинското министерство за одбрана, изјавил изворот.

Одлуката на Милеи следи по состанокот од 17 февруари 2025 меѓу него и американскиот републикански сенатор Стив Даинес, сојузникот на американскиот претседател Доналд Трамп и заговорник на јавниот пристап до документите.

Франкос ја даде својата изјава само еден ден откако портпаролот на претседателот Мануел Адорни кажа дека ќе бидат објавени тајните документи за дејствувањето на оружените сили за време на воената диктатура од 1976 до 1983 година.

„Претседателот наложи сите релевантни документи од која било државна институција да бидат објавени бидејќи нема причина да останат класифицирани“, кажа Франкос.

Неколку озлогласени нацистички воени злосторници избегале и нашле засолниште во Аргентина по Втората светска војна. Многу бегалци пристигнале непосредно по војната, за време на првата влада на Хуан Перон, и биле заштитени од правдата со децении.

Меѓу најозлогласените бил Адолф Ајхман, еден од главните архитекти на таканареченото конечно решение, нацистичкиот геноциден план за истребување на европските Евреи.

Ајхман пристигнал во Аргентина во 1950 под псевдонимот „Рикардо Клемент“, користејќи една од меѓународните рути за бегство на нацистите познати како „воени линии“. Тој живеел дискретно во Буенос Аирес до 1960, кога го фатиле оперативци на израелски Мосад и го одвеле во Израел, каде е осуден и погубен.

Уште еден озлогласен бегалец бил Јозеф Менгеле, човекот познат како „Ангелот на смртта“ од Аушвиц, кој спроведувал брутални медицински експерименти.

Менгеле пристигнал во Аргентина во 1949 и живеел таму една деценија пред да избега во Парагвај и подоцна во Бразил, каде умрел во 1979 под лажен идентитет.

Поранешниот СС командант Ерих Прибке исто така се населил во Аргентина во 1948, додека да биде откриен во 1990-тите и да биде екстрадиран во Италија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ