понеделник, 15 декември 2025

АПФ: Франција притвори руска кошаркарска ѕвезда по барање на САД

Рускиот кошаркар Данил Касаткин е приведен во Франција по барање на САД под сомнение дека е член на хакерска група, објави синоќа АФП.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Касаткин, плејмејкер што игра за руската репрезентација, беше приведен на 21 јуни на аеродромот Шарл де Гол откако пристигна во Франција со својата свршеница, соопшти АФП.

На сослушувањето во средата, судијата одлучи да го задржи во притвор до екстрадицијата.

САД тврдат дека Касаткин, кој студирал во земјата, преговарал за откуп во име на хакерска банда што помеѓу 2020 и 2022 година нападнала околу 900 компании и две федерални институции.

Спортистот негира какво било кривично дело, изјави неговиот адвокат Фредерик Белот пред новинарите, тврдејќи дека Касаткин има „слаби компјутерски вештини“ и купил користен компјутер, кој бил „или хакиран или хакер му го продал користејќи го името на друго лице“.

Неколку дена по неговото апсење, МБА со седиште во Москва објави дека Касаткин си заминал. Тој одиграл 172 натпревари за тимот и освоил два бронзени медали на руското национално првенство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ