среда, 17 декември 2025

Анкета: Рејтингот на Трамп падна на 39 отсто

Само 33 отсто од возрасните Американци изјавиле дека го одобруваат начинот на кој Трамп управува со американската економија, што е најниска оцена на претседателот по тоа прашање оваа година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп во последните денови опаднал на речиси најниско ниво во неговиот сегашен мандат, бидејќи гласачите од Републиканската партија се незадоволни од водењето на економијата, покажуваат резултатите од најновата анкета на Ипсос, објави британската агенција Ројтерс.

Тридневната анкета, која завршила во неделата, покажа дека 39 отсто од возрасните Американци го одобруваат работењето на Трамп, што е пад во однос на 41 отсто во почетокот на декември.

Најнискиот рејтинг на Трамп, од 38 отсто, беше забележан во средината на ноември, што е најниско ниво оваа година.

Републиканскиот лидер се врати на власт во јануари со рејтинг од 47 отсто, но неговата популарност оттогаш опаѓа, особено во однос на управувањето со економијата.

Неодамнешната блокада на финансирањето на сојузната влада го наруши собирањето податоци за американската економија, но многу економисти сметаат дека работодавците го намалиле вработувањето поради царинските мерки на Трамп за увоз.

Само 33 отсто од возрасните Американци изјавиле дека го одобруваат начинот на кој Трамп управува со американската економија, што е најниска оценка на претседателот по тоа прашање оваа година.

Трамп победи на ланските претседателски избори благодарение на ветувањето дека ќе ја поправи економијата, која претрпе висока инфлација за време на поранешниот демократски претседател Џозеф Бајден.

Сепак, инфлацијата остана постојано покачена и под Трамп, движeјќи се околу три отсто и над стапката од два отсто што аналитичарите ја сметаат за поздравa за економијата.

Анкетата, спроведена онлајн, опфатила 1.016 испитаници низ целата земја и имала маргина на грешка од три проценти, додаде Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ