Бардела лесно би победил во првиот круг од изборите доколку се одржат сега, со 35,5 до 36,5 проценти од гласовите, далеку пред следните двајца кандидати, поранешниот десничарски премиер Едуар Филип (16,5 до 17 проценти) и лидерот на левичарската партија Јавно место Рафаел Гликсман (11,5 до 13 проценти).
Едно од клучните прашања на изборите ќе биде за кој кандидат ќе гласаат оние кои го поддржаа центристичкиот претседател Емануел Макрон, кој не може повторно да се кандидира.
Според анкетата, 52 проценти од гласачите на Макрон би гласале за Филип во првиот круг, а 20 проценти за Гликсман. Веднаш зад Гликсман е лидерот на радикалната левица, Жан Лук Меланшон, лидер на партијата Бунтовничка Франција. Тој има поддршка од 11 до 12 проценти од гласачите на Макрон.
Тоа истражување, како и сите истражувања на јавното мислење, нема предвидлива вредност, туку само го одразува моменталниот став во општеството.
Анкетата е спроведена онлајн од 18 до 20 ноември на примерок од 1.000 Французи на возраст од 18 години и повеќе.






