четврток, 9 април 2026

Анкета: 60 отсто од Американците имаат лошо мислење за Израел

Дури 60 проценти од Американците имаат неповолно мислење за Израел, што е нагло зголемување од 20 процентни поени во однос на 2022 година. Приближно половина од нив, или 30 проценти од вкупниот број испитаници, имаат „многу лошо“ мислење, а тој удел се зголемил трипати во последните четири години. Ова го покажува ново истражување на истражувачкиот центар Пју објавено оваа недела.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Истражување спроведено на 3.500 возрасни Американци кон крајот на минатиот месец, неколку недели по почетокот на американско-израелската војна против Иран, е најновиот показател за зајакнување на негативниот став кон Израел кај американската јавност.

И неколку претходни анкети покажаа дека Американците се сè повеќе наклонети кон Палестинците.

Анкетата, исто така, ја потврди големата поделба по партиски линии. Околу 80 проценти од демократите рекле дека имаат неповолно мислење за Израел, во споредба со 40 проценти од републиканците.

Речиси половина од демократите под 50 години кажале дека имаат „многу лошо“ мислење за Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ