сабота, 13 декември 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон на југот на Украина

Американската глумица посети медицински установи, вклучувајќи породилиште и детска болница, во градот што Русија го окупираше неколку месеци во 2022 година, објавија локалните медиуми.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, поранешна претставничка на ОН за бегалци, денес беше во ненадејна посета на градот Херсон, на југот на Украина, објавија украинските медиуми.

Американската актерка посети медицински установи, вклучувајќи породилно одделение и детска болница во градот што беше окупиран од Русија неколку месеци во 2022 година, објавија локалните медиуми.

Локалниот функционер Виталиј Богданов објави на Фејсбук фотографија од Џоли во панцир со украински ознаки.

Ниту актерката ниту украинската влада не коментираа за посетата.

Холивудската ѕвезда, која беше специјален претставник на ОН за бегалци од 2012 до 2022 година, веќе ја посети Украина неколку месеци по почетокот на руската инвазија и се сретна со раселените лица во Лвов, на западот од земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ