сабота, 13 декември 2025

Во 2021 ниедна земја од светот не ги исполнила стандардите на СЗО за квалитетот на воздухот

Објавено на

часот

Сподели

По препорака на СЗО просечната годишна вредност на малите и опасни по здравјето честички, познати како ПМ 2,5, не би требало да биде поголема од 5 микрограма на кубен метар откако здравствената организација минатата година ги смени своите насоки. Во соопштението на СЗО е наведено дека дури и ниска концентрација на тие честички може да претставува значителен здравствен ризик.

Само 3,4 отсто од истражените градови ги исполниле стандардите во 2021 година, според податоците собрани од швајцарската компанија која го следи квалитетот на воздухот Ајкјуер. Во дури 93 града нивото на ПМ 2,5 честички е десет пати поголемо од препорачаните вредности.

„Има многу земји кои прават големи чекори во намалувањето на штетните честички“, кажа Кристи Шредер, шефицата на одделот на Ајкјуер за квалитет на воздухот.

„Кина ја почна годината со многу високи бројки, но тие со време постепено се намалуваат. Но има многу места во светот каде ситуацијата е значително полоша“.

Вкупното ниво на загадување на воздухот во Индија во текот на 2021 се влошило во Индија, а Њу Делхи останал најзагаден град во светот, покажуваат податоците.

Бангладеш беше најзагадената земја и тоа не се сменило во однос на претходната година, а Чад го зазема неславното второ место откако во студијата за првпат се вклучени податоците за загадувањето на воздухот во таа африканска држава.

Кина, која води војна против загадувањето уште од 2014 година, во 2021 година паднала на 22 место на скалата на загадување со честички ПМ 2.5 во однос на 14 место една година претходно, со просечни вредности кои во текот на годината се подобриле на 32,6 микрограми.

Градот Хотан во северозапданиот кинески регион Синџијанг стои најлошо со просечните вредности на ПМ 2,5 поголеми од 100 микрограма, главно предизвикани од песочни бури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ