„Кога станува збор за веројатноста за иселување на скала од 1 до 10 просечниот одговор е малку над 4, што значи дека младите се поделени околу тоа дали сакаат да се отселат, но алармантно е тоа што речиси половина млади повремено или често размислуваат за заминување“, вели членот на Светскиот сојуз на младите Хрватска Домагој Далбело за Индекс.
Од тоа произлегува дека значителен број млади размислуваат за заминување, но и дека не заминуваат импулсивно, туку дека ги разгледуваат опциите пред да заминат. Младите во просек сакаат 2,4 деца, што е повеќе од просечниот број деца во Хрватска. Според тоа, причината зошто немаат повеќе деца не е таа дека не сакаат деца, туку дека постојат други отежнувачки околности со кои се соочуваат, истакна Далебло.
Просечната веројатност за иселување на младите во јавниот сектор е 3,1, а во приватнит 4, што во економска смисла претставува проблем.
Нешто повеќе од половина млади живеат со родителите, а оние кои се отселиле тоа главно го направиле на 18 или 19 години, што се поклопува со заминување на студии, а подоцнежното заминување од родителите е поврзано со подоцнежно формирање семејство.
Истражувањето покажало дека младите кои имаат повеќе браќа и сестри сакаат да имаат повеќе деца, а оние кои имаат членови на семејството во дијаспората веројатно ќе се иселат. Оние кои повеќе сакаат да останат со Хрватска ги врзуваат асоцијациите убавина и татковина, додека корупција и туризам се асоцијациите на оние кои веројатно ќе се отселат.
„Вредностите се секако поврзани со демографските проблеми и треба да се фокусира, не само на економскиот, туку и на вредносниот и културниот аспект на овој проблем“, оцени Далбело.
Во истражувањето учествувале 660 млади луѓе на возраст од 18 до 30 години кои живеат во Хрватска, а спроведено е минатата година од 23 септември до 1 декември.






