сабота, 13 декември 2025

Поранешен шеф на руската дипломатија: Путин е рационален. Има зошто ја нападна Украина

Објавено на

часот

Сподели

Ова е неговата анализа:

Пред сè, сакам да истражам од каде почна преиспитувањето на Путиновата рационалност. Мислам дека почна затоа што повеќето луѓе на Западот неговата одлука да ја нападне Украина ја смета за крајно ирационална. Не се сложувам. Ужасна е, но не е нерационална.

За да разбереме зошто инвазијата беше рационална одлука за Путин, мораме да се ставиме во негова кожа. Три верувања се споија во исто време во неговата пресметка:

1. Состојбата на Украина како земја

2. Состојбата на руската војска

3. Геополитичката состојба на Западот

 

1. Состојбата на Украина. Путин ги мина последните 20 години верувајќи дека Украина не е вистинска нација и дека, во најдобар случај, би требало да биде сателитска држава. Мајдан стави крај на секоја надеж дека Украина ќе стане независна и проруска земја. Мислеше дека зад тоа стои Западот.

Ако украинската влада не може да се задржи како независна или проруска, како што заклучи, тогаш отворено ќе ја присили на тоа. Исто така почна да им верува на сопствените пропагандисти дека со Украина управува нацистичко-бандеровска хунта. Совршен изговор за „денацификација“ на Украина.

2. Руската војска. Кремљ ги мина последните 20 години обидувајќи се да ја модернизира својата војска. Голем дел од тој буџет е украден и потрошен на мега-јахти на Кипар. Но како воен советник не можете тоа да му го пријавите на претседателот. Па наместо тоа му пријавија лаги.

3. Западот. Руската владејачка елита веруваше на сопствената пропаганда дека претседателот Џо Бајден е ментално неспособен. Исто така мислеа дека ЕУ е слава поради тоа што нејзините санкции во 2014 беа слаби. А потоа САД го утнаа повлекувањето од Авганистан, зацврстувајќи го овој наратив.

Ако верувате дека сè горе наведено е вистинито и дека целта ви е да ја вратите славата на Руското Царство (што и да значи тоа), тогаш е совршено рационално да извршите инвазија на Украина.

Тој погреши во сите три причини, но тоа не го прави луд. Тоа е едноставно погрешно и неморално.

Значи, според мене тој е рационален. Имајќи предвид дека е рационален, цврсто верувам дека нема намерно да употреби нуклеарно оружје против Западот. Велам намерно, бидејќи неселективното гранатирање во близина на нуклеарна централа може да предизвика ненамерна нуклеарна катастрофа во Украина.

Ќе одам чекор понатаму. Заканата со нуклеарна војна е уште еден пример на неговата рационалност. Кремљ знае дека може да се обиде да извлече отстапки, било од Украина или од Западот, со тропање со нуклеарно оружје.

Конечниот заклучок тука е дека Западот не би требало да се согласи на какви било еднострани отстапки или премногу да ја ограничи својата поддршка за Украина поради страв од нуклеарна војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ