четврток, 11 декември 2025

„Ослободете ги нашите пријатели“: Ѓоковиќ излезе, азилантите останаа во озлогласениот хотел

Објавено на

часот

Сподели

Неговото заминување од вториот кат на центарот го гледал Јаман, бегалец од Пакистан кој во австралискиот притвор минал девет години.

„Би сакал луѓето надвор да ја разберат нашата ситуација и да се стават на наше место за да знаат колку патиме. Кога беше карантинот, луѓето протестираа… но, што е со нас? Девет години сме затворени тука“, кажа тој.

Над 30 бегалци и баратели на азил се притворени во контроверзниот хотел Парк – некои се таму повеќе од една година. Меѓу нив има и луѓе кои во притвор минале и по десетина години.

„Најлошото е што не го знаеме нашето злосторство“, вели Јаман. „Не направивме никакво злосторство. Ние едноставно бараме азил, само доаѓаме во оваа земја по азил. А она што го добиваме е казна“.

Јаман имал 29 години кога побегнал од Пакистан откако неговиот регион го окупирале талибанците. Статусот на бегалец го добил во 2014 година.

„Дојдовме млади, а сега старееме тука во притвор“, кажа тој. „Во последните осум години ни зборував ниту пишував за условите во кои сум ниту за маките низ кои минувавме. Но, молкот не ми помогна“, вели.

Условите во Парк хотелот се екстремни. Азилантите можат да излезат од своите соби, но не и од хотелот.

Претходно еден од азилантите затворени во хотелот, Мохамад Џој Миах, преку мобилен телефон разговарал со новинар на Би-би-си.

„Ментално сум скршен. Со денови не сум почувствувал светлина или свеж воздух. Мојот живот е оваа соба“, кажал тој за Би-би-си.

Тој им испратил и фотографија за која вели дека е направена на крајот на декември, на која се гледаат црви во неговата вечера.

„Изедов два или три пред чуварите да се согласат да го земат оброкот“, кажал тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ