петок, 12 декември 2025

На чија страна е Кина?

Објавено на

часот

Сподели

Според него, проширувањето на НАТО го дестабилизира континентот. Тој во саботата повика на преговори за решавање на кризата во Европа.

„Ако НАТО продолжи да се шири на исток, дали е тоа погодно за одржување на мирот и стабилноста во Европа?“, праша тој преку видео снимка на Минхенската безбедносна конференција во Германија, на која лично присуствуваше потпретседателката на САД Камала Харис за да ги сврти земјите против Русија.

Тоа беше најновиот пример на она за што западните функционери тврдат дека е храбар нов залет на Кина кон Соединетите Американски Држави и нивните сателити вовлекувајќи се во европските безбедносни прашања за експлицитно да се поддржи Русија, која има над 150.000 војници околу Украина.

Сегашни и поранешни американски и европски функционери велат дека се вознемирени од фактичкиот пакт за ненапаѓање меѓу Русија и Кина кој би можел да доведе до менување на светскиот поредок.

Навестувајќи нов вид студена војна, функционери на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најавуваат дека САД ќе работат на создавање и јакнење на сопствените коалиции вклучувајќи нови стратегиски групи за Европа, Азија и Пацификот и помош на земјите да развијат напредни воени капацитети.

Во изминатите недели двете земји преговараа за 30-годишниот договор со Русија за снабдување на Кина со гас преку новиот гасовод.

Пекинг го блокираше барањето на Вашингтон Обединетите нации да воведат дополнителни санкции против Северна Кореја поради новите ракетни тестови, иако двете нации претходно се согласија на слични санкции.

А Русија премести голем број трупи од Сибир на својот запад, што е знак дека Москва ѝ верува на Кина долж нивната заедничка граница на истокот.

Кина и Русија соопштија дека ќе работат со други земји на „промовирањето вистинска демократија“ и спротивставувањето на идеологијата и институциите кои ги предводи Америка, како и на изградба на нов светски поредок во кој автократиите не се под притисок, тврдат американски и европски фнкционери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ