недела, 6 април 2025

Колку Југословени има во републиките на поранешна СФРЈ?

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Управата за статистика (Монстат), бројот на Југословените во Црна Гора со текот на годините се намалувал.

Во Црна Гора во 1981 година имало 31.243 Југословени, а во 1991 година 26.159.

Бројот на оние што се декларираат како Југословени драстично се намалил во 2003 година – 1.860, а во 2011 година – 1.154, пренесува Н1.

Според податоците на словенечкиот Завод за статистика, во Словенија во 1971 година имало 6.616 лица што се изјасниле како Југословени.

Десет години подоцна бројот на Југословените се зголемил – 25.615, од 1991 година повторно се намалува – 12.075, а во 2002 година во Словенија како Југословени се изјасниле само 527 граѓани.

Во Македонија, според податоците на Заводот за статистика, во 2021 година 344 луѓе се изјасниле како Југословени.

Според податоците од последните три пописи, одржани во 1981, 1991 и 2013 година, намалување на бројот на граѓаните што се изјаснуваат како Југословени се забележува и во Босна и Херцеговина.

На пописот од 1981 година, од вкупно 4.193.369 жители на Босна и Херцеговина, 333.468 или 7,95 отсто се изјасниле како Југословени. Десет години подоцна, во 1991 година, тој број изнесува 5,54 отсто од вкупното население од 4.377.033, или 242.682 граѓани.

На последниот попис одржан во 2013 година, од вкупно 3.531.159 жители на БиХ, 2.570 се изјасниле како Југословени, односно само 0,07 отсто.

Хрватска е меѓу ретките земји каде што бројот на оние што се декларираат како Југословени се зголемува со текот на годините.

На пописот во Хрватска во 2001 година имало 176 граѓани што се изјасниле како Југословени.

Една деценија подоцна, во 2011 година, тој број се зголемил на 331.

Пописот што се одржа пред две години покажува дека 942 граѓани на Хрватска се изјасниле како Југословени.

Според податоците од пописот одржан во Србија во 2022 година, објавени на веб-страницата на Заводот за статистика на Република Србија, 27.143 државјани на Србија се изјасниле како Југословени.

Во споредба со податоците од претходниот попис, одржан во 2011 година, бројот на Југословените е зголемен – во 2011 година имало 23.303.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ