петок, 12 декември 2025

ЦИНС и БИРН: Србија извезла ракети во Мјанмар вредни 4,7 милиони евра по пучот кој доведе до граѓанска војна

Објавено на

часот

Сподели

Игнорирајќи ги извештаите за насилство, убиства и кршење на човековите права, Србија дозволила трговијата со оружје да се спроведе и покрај обврската власта да ги повлече издадените дозволи за извоз на оружје кое може да биде користено за кршење на човековите права, се наведува во истражувањето.

Документацијата на српското министерство за трговија и туризам покажува дека вкупно 2.524 ненаведувани ракети со калибар 80 мм се извезени од Србија во Мјанмар во две пратки, во јануари и февруари 2021 година.

Оружјето во вредност од 4,7 милиони евра го извезла Југоимпорт СДПР, српска државна компанија која се бави со трговија со оружје, воена опрема и трансфер на технологија.

Првата пратка од 880 ракети била на 23 јануари, една недела пред мјанмарската војска да ја преземе контролата над државата, по изборната победа на Националната лига за демократија (НЛД) која ја предводи Аунг Сан Су Ќи.

За следната пратка од 1.664 ракети, Србија дала зелено светло на 8 февруари, кога пучот беше изведен во Мјанмар и земјата лизна во насилство, се наведува.

Министерството за надворешни работи на Србија соопшти дека Србија не извезува оружје во Мјанмар и дека одлуката за сопирање на евентуалните испораки на вооружување и воена опрема на таа земја е донесена во март минатата година.

По повод изјавата на специјалниот известувач на ОН за Мјанмар Томас Ендрјуз кој наведе дека Србија е една од државите кои им испорачуваат оружје на сегашните власти на таа земја, министерството соопшти дека блокирало повеќе барања за транспорт на оружје на Мјанмар и нови барања за извоз на оружје и воена опрема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ