четврток, 11 декември 2025

Босна и Херцеговина и Албанија се најкорумпираните земји во Европа

Објавено на

часот

Сподели

„Прашањето на сите прашања сега се претстојните избори. Апсолутен приоритет е да се создадат елементарните предуслови за одржување избори. Без тоа земјата би влегла во целосен правен и институционален вакуум во кој бил доведен во прашање понатамошниот опстанок на државата“, изјави Срѓан Благовчанин, претседателот на управниот одбор на Транспаренси интернешнал во Сараево претставувајќи ги резултатите од мерењето на индексот на перцепција на корупцијата (ЦПИ).

БиХ заедно со Албанија се на дното на скалата на европските држави во кои се мери ЦПИ и тие две земји се на 110 место на скалата, на која Македонија е на 87-то место.

Таквата позиција БиХ и Албанија ги дефинира како држави со изразено присутна корупција, во кои не се почитуваат граѓанските права и слободи, а власта спроведува репресија над медиумите и се обидува да ги замолчи оние кои ја критикуваат. Во извештајот ТИ предупредува и на постојаните опструкции на реформите кои треба да доведат до потранспарентно финансирање на политичките партии и до фер избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ