понеделник, 8 декември 2025

Асошиејтед прес: Вучиќ ветува европски курс, навестува санкции против Русија

Објавено на

часот

Сподели

И покрај тоа што гласаше за три резолуции на Обединетите нации со кои се осудува руската инвазија на Украина, Србија и понатаму е единствената европска држава, покрај Белорусија, која не се придружи на санкциите против својот сојузник, наведува АП.

Во својот инаугурациски говор во парламентот, како што додава американската агенција, Вучиќ кажа дека приоритет на Србија ќе биде нејзиниот пат до членство во ЕУ и дека новата влада, која би требало да биде формирана во јули, ќе мора повеќе да работи на влезот во 27-члениот економски блок и да размисли за санкции против Москва, иако не ја спомна Русија.

Со оценка дека Вучиќ убедливо победи на претседателските избори главно со својата проруска агенда, АП додава дека во новиот мандат тој сака Србија да ја внесе во ЕУ.

Но, тој ги помина последните години зацврстувајќи ги врските со долгогодишниот сојузник, рускиот претседател Владимир Путин.

Вучиќ во неделата соопшти дека обезбедил „исклучително поволен“ тригодишен договор за природен гас со Русија во телефонски разговор со Путин, нешто што претежно се смета за негова решеност да не се придружи на санкциите на ЕУ и покрај притисоците на Западот, но се чини дека сега го ублажува својот проруски став, кажувајќи дека Србија мора да остане цврста на европскиот пат.

Тој кажа дека Србија нема да бара членство во НАТО и дека ќе ја задржи воената неутралност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ