Организацијата, исто така, предупредува дека околу две третини од егзекуциите во Саудиска Арабија се за случаи поврзани со дрога, објави АП.
Амнести вели дека во првите шест месеци од оваа година во Саудиска Арабија биле егзекутирани 180 лица, што укажува дека рекордот веројатно повторно ќе биде соборен.
Исто така, забележува дека 25 странски државјани неодамна биле егзекутирани или се на смртна казна во Саудиска Арабија по обвиненија поврзани со дрога.
Се верува дека не добиле фер-судење.
Саудиска Арабија е една од неколкуте земји на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Иран, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати, кои изрекуваат смртна казна за обвиненија поврзани со дрога.
Саудиска Арабија е на второто место по бројот на егзекуции, веднаш по Кина и Иран.






