сабота, 3 мај 2025

Амнести интернешенел ја нарече Кина „најголем светски џелат“

Повеќе од 1.500 егзекуции биле извршени низ светот минатата година, што е најголем број од 2015 година, се вели во извештајот објавен денеска од Амнести интернешенел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Растот на бројката најмногу се должи на Иран, Ирак и Саудиска Арабија, кои заедно сочинуваат 91% од светските егзекуции.

Иран погубил најмалку 972, Саудиска Арабија најмалку 345, а Ирак најмалку 63 луѓе, се вели во извештајот за смртната казна.

Амнести предупредува дека бројката е секако поголема поради тајноста на егзекуциите во некои земји, особено во Кина, која организацијата ја нарече „најголем светски џелат“. Смртната казна во оваа азиска земја е државна тајна, пишува агенцијата Дпа.

Тамошните медиуми објавуваат информации за сензационални егзекуции со цел властите да испратат политичка порака. Во јануари 2024 година тие пријавија смртна казна на брачен пар што ги фрли своите две деца од зграда во Чонгкинг.

Во САД, каде што имаше 25 смртни казни, претседателот Доналд Трамп најави дека ќе продолжи со практиката за заштита на американските граѓани од „насилни силувачи, убијци и чудовишта“, потег што беше критикуван од Амнести.

„Овие дехуманизирачки изјави го промовираат лажниот наратив дека смртната казна има влијание единствено врз запирање на криминалот“, велат од организацијата.

Таа ја осуди општата употреба на смртната казна како политичко средство, особено во земјите од Блискиот Исток како Иран и Саудиска Арабија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ