петок, 16 јануари 2026

Американските сили запленија уште еден танкер за кој Вашингтон тврди дека е поврзан со Венецуела (ВИДЕО)

Американските сили во Карипско Море запленија уште еден танкер за нафта кој е под санкции, за кој администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави  Доналд Трамп тврди дека е поврзан со Венецуела.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Министерката за внатрешна безбедност на САД Кристи Ноем напиша на социјалните мрежи дека танкерот Вероника претходно поминал низ венецуелските води и дејствувал спротивно на карантинот за санкционирани бродови во Карибите, воведен од Трамп.

Ноем објави и кратко видео кое се чини дека го прикажува запленувањето на бродот. На црно-белата снимка се гледаат хеликоптери како лебдат над палубата на трговскиот брод, додека вооружени војници се спуштаат на палубата со јажиња.

Танкерот Вероника е шестиот брод запленет од американските сили како дел од напорите на администрацијата на Трамп да ја преземат контролата врз производството, преработката и глобалната дистрибуција на венецуелски нафтени производи, а трет откако САД, во ненадејна ноќна операција пред речиси две недели, го киднапираа венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ