понеделник, 23 февруари 2026

Американските сили се повлекуваат од најголемата база на североистокот на Сирија (ВИДЕО)

Американските сили денес го почнаа повлекувањето од нивната најголема база во североисточна Сирија како дел од пошироко повлекување, соопштија два сириски воени и безбедносни извори, бидејќи новата влада во Дамаск, сојузник на Соединетите Американски Држави, ја консолидира контролата врз земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Десетици камиони, од кои некои носат оклопни возила, ја напуштија базата во Касрок во покраината Хасаки утрово, изјавија очевидци. На снимките на Ројтерс објавени подоцна се гледаат камиони како се движат по автопат во предградието на градот Камишли.

Централната команда на американската армија (Центком) сè уште не одговорила на барањето за коментар испратено по мејл. Дури и по повлекувањето од Касрок, коалицијата предводена од САД сè уште ќе биде присутна во базата во Рмелан во близина на ирачката граница, позната и како Хараб ал-Џир.

Касрок е главниот центар на глобалната коалиција предводена од САД против Исламска држава во Сирија, каде што американските трупи беа распоредени пред повеќе од една деценија, работејќи со курдските Сириски демократски сили (СДФ) против џихадистичката група.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ