петок, 27 март 2026

Американскиот Трезор сака да го стави потписот на Трамп на новите хартиени пари — првпат за актуелен претседател

Министерството за финансии на САД планира потписот на Доналд Трамп да се најде на новите американски хартиени пари, соопшти институцијата.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Ова би било првпат актуелен претседател да се појави на валутата, бидејќи досега банкнотите традиционално ги носат потписите на министерот за финансии и државниот благајник, а не на претседателот, вели АП.

Планот доаѓа во време кога се разгледуваат и други начини за вклучување на Трамп во националните симболи, вклучително и иницијатива неговиот лик да се најде на монета — што предизвика критики, бидејќи американските закони забрануваат прикажување жив претседател на валута.

Од Министерството наведуваат дека додавањето на потписот е дел од одбележувањето на 250-годишнината на САД, а на банкнотите ќе стои и потписот на министерот за финансии Скот Бесент.

Потегот веќе наиде на политички реакции. Критичарите сметаат дека е несоодветен, особено во период кога граѓаните се соочуваат со раст на цените и економски притисоци, делумно поврзани со војната со Иран.

Експертите оценуваат дека одлуката веројатно ќе предизвика дополнителни политички спорови, но не е јасно дали ги прекршува законските правила, бидејќи Министерството има одредени овластувања во дизајнот на валутата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ