сабота, 20 декември 2025

Американскиот Сенат ја одобри мерката која наложува објавување на документите за Епстин

Американскиот Сенат одобри мерка со која се наредува објавување на истражните документи за Џефри Епстин, а висок функционер на Белата куќа изјави дека претседателот Доналд Трамп ќе го потпише законот кога документот ќе пристигне во Белата куќа, објавува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Џефри Епстин, осуден сексуален престапник и финансиер кој одржувал контакти со некои од најмоќните луѓе во земјата и светот, беше пронајден мртов во затворска ќелија во Њујорк во 2019 година.

Со недели администрацијата на Трамп се обидуваше да го одложи или спречи гласањето во Конгресот со кое би се наложело објавување на документите за Епстин, но сепак се очекува мерката да стигне до бирото на Трамп наскоро, пишува Ројтерс.

Повеќемесечната иницијатива, предводена од некои членови на Претставничкиот дом контролиран од републиканците, успеа во вторникот, што доведе до брзо и речиси едногласно гласање во тој дом и во Сенатот да наложи објавување на документите на Министерството за правда на САД за Епстин.

Поранешната блискост на Епстин со Трамп е товар за републиканскиот претседател во неговиот втор мандат, делумно затоа што Трамп ги засилуваше теориите на заговор за Епстин кај своите поддржувачи, потсетува британската агенција.

Трамп во раните 1990-ти и 2000-ти излегувал и се дружел со Епштајн, пред, како што тврди, да настане раздор. Сега многу гласачи на Трамп веруваат дека неговата администрација ги прикрила врските на Епстин со моќни личности и ги занемарила деталите за неговата смрт во затвор во Менхетен, која беше прогласена за самоубиство во 2019 година додека Трамп беше претседател.

По долгата кампања за блокирање на гласањето Трамп во неделата доцна навечер го смени ставот и го повика Претставничкиот дом да ја усвои мерката. Но, дури и тогаш, помошниците на Белата куќа се обидуваа да ја изменат во Сенатот, според два извори со директно познавање на развојот на настаните, пишува Ројтерс.

Еден од изворите кажа дека Западното крило се надевало дека односите со раководството на Сенатот ќе влијаат во, на крајот, неуспешниот обид да го спречи гласањето за верзијата усвоена од Претставничкиот дом во неизменет облик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ