вторник, 15 јули 2025

Американскиот министер за одбрана призна дека Пентагон има план за напад на Гренланд (ВИДЕО)

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет призна дека Пентагон развил планови за преземање на Гренланд и Панама на сила доколку се појави потреба за тоа, јавуваат американските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на сослушување во Конгресот, тој повеќе пати одбил да одговори на прашања за користењето на апликацијата Сигнал за дискусија за воени операции, а како одговор на прашањата за плановите за преземање на Гренланд и Панама, потврди дека Пентагон развил план за инвазија.

Демократските членови на Комитетот за оружени сили на Претставничкиот дом повеќе пати влегувале во жестоки расправии со Хегсет, а најтешките прашања дошле од воени ветерани кои барале јасни одговори со „да“ или „не“, додека тој избегнувал директно да одговори за своите постапки како шеф на Пентагон.

„Наша работа е да имаме планови за секоја можност“

Во едно од тие препукувања, Хегсет дал одговор што ги загрижил дури и републиканските пратеници.

Пратеникот Адам Смит од Вашингтон прашал дали Пентагон има планови да ги преземе Гренланд или Панама на сила доколку е потребно. „Нашата работа во министерството за одбрана е да имаме планови за секоја можност“, повторил Хегсет неколку пати како одговор.

Не е невообичаено Пентагон да прави планови за потенцијални конфликти што сè уште не се случиле, но начинот на кој тој одговарал на прашањата натерач еден републикански пратеник да се вклучи неколку минути подоцна.

„Вашето сведочење денес не е за тоа дека Пентагон има планови да го заземе Гренланд на сила или да изврши инвазија, нели?“, праша претставникот Мајк Тарнер од Охајо. Кога Хегсет почнач да го повторува својот одговор за плановите за непредвидени ситуации, Тарнер нагласи: „Се надевам дека тоа не е ваше сведочење“.

„Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Гренланд за да се осигураме дека е заштитен од какви било потенцијални закани“, одговори Хегсет.

„Вие сте срам за оваа земја“

Пратениците постојано го притискале Хегсет да одговори на прашањата кои ги избегнува со месеци, вклучувајќи и за време на последните два дена сослушувања на Капитол.

„Вие сте срам за оваа земја. Не сте способни да водите“, кажа пратеникот Салуд Карбахал од Калифорнија. „Би требало само да си заминете“.

Прашања за разговорот со Сигнал и евентуалното споделување на доверливи информации

Користењето на две групи на апликацијата Сигнал од страна на Хегсет за да разговара за плановите за американски напади врз бунтовниците хути во Јемен со други американски лидери, како и со членови на семејството, предизвикало понатамошни дискусии со членовите на Конгресот.

Постојано го прашувале дали споделува класифицирани информации и дали треба да биде повикан на одговорност ако го стори тоа. Хегсет тврдел дека поради таинственоста на таквите информации не може да разговара за нив со членовите на Конгресот, но во исто време тврдел дека ништо од тоа што објавил – за времето на нападот и бомбите фрлени во март – не е класифицирано.

Пратеникот Сет Мултон, демократски пратеник од Масачусетс и поранешен маринец, ја истакна недоследноста: „Можете многу добро да откриете дали е класифицирано или не“. Хегсет одговори: „Не е класифицирано тоа дека мисијата била неверојатно успешна“.

Наскоро се очекува извештај на надзорниот орган на Пентагон за неговата употреба на апликацијата Сигнал.

На прашањето дали би ја презел одговорноста ако се утврди дека ставил класифицирани информации на Сигнал, Хегсет не одговорил директно, но кажал дека служи „на барање на претседателот“.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано изјавува дека сака да ја преземе контролата врз стратегиски важниот, богат со минерали Гренланд, долгогодишен американски сојузник. Овие изјави беа решително одбиени од Гренланд.

„Гренланд не е на продажба“, кажа Џејкоб Исбосетсен, претставникот на Гренланд во САД, на форум во Вашингтон.

Изјавите на Трамп предизвикаа и дипломатски конфликти со Данска, под чија автономија е Гренланд, а лидерите на Гренланд и Данска постојано јасно даваат до знаење дека самите ќе одлучат за својата иднина.

Мнозинството жители на Гренланд се противат на преземањето од страна на САД – според неодамнешните анкети, дури 85% од жителите на Гренланд не сакаат да бидат дел од САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ