четврток, 2 април 2026

Американскиот министер за одбрана на Иранците им се закани со „камена доба“, веднаш доби одговор

Иранската амбасадата во Јужна Африка му одговори на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет по неговата објава „Враќање во камената доба“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Камена доба? Во времето кога сè уште бевте во пештери и баравте оган, ние веќе ги запишувавме човековите права на цилиндарот на Кир. Го преживеавме нападот на Александар и монголските инвазии и опстанавме, бидејќи Иран не е само земја, туку цивилизација“, објави амбасадата на социјалната мрежа Икс.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани во своето последно обраќање дека ќе го „врати Иран во камената доба, каде што му е местото“, а слични пораки дојдоа и од дел од администрацијата на Трамп и од републиканците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ