„Заканата што ја претставува Кина е реална и може да биде неизбежна“, рече Хегсет на дијалогот Шангри-Ла во Сингапур, најголемиот форум за безбедност и одбрана во Азија.
Тој додаде дека Пекинг „сака да доминира и контролира“ во регионот и дека „секој ден вежба“ да го нападне Тајван.
Според него, Пекинг очигледно се подготвува да го промени балансот на моќ во Азиско-пацифичкиот регион.
Во овој контекст, САД го направија регионот свој приоритет и ја преориентираат својата стратегија „за да одвратат каква било агресија од страна на комунистичка Кина“, нагласи американскиот секретар за одбрана.